За нас

Еуро линс

Нашата мисија
EURO LINS е македонска компанија со повеќе од 15 години искуство во текстилната индустрија и сопствен бренд LINS. Нашата мисија е да создаваме квалитетна, удобна и современа облека за мажи, жени и деца, со внимание на секој чекор од производството – од изборот на материјали до финалната изработка.
Нашата визија
Нашата визија е LINS да прерасне во препознатлив македонски бренд и надвор од домашниот пазар, задржувајќи ги квалитетот, функционалноста и достапноста по кои сакаме да бидеме препознатливи.
Нашата цел
Нашата цел е континуирано да го развиваме брендот LINS, да ја унапредуваме понудата и производството и да градиме долгорочна доверба со нашите купувачи и деловни партнери. Веруваме во домашното производство и сакаме секој LINS производ со гордост да го носи потписот „Произведено во Македонија“.